Карбеска и Илиева со меч од ЛШ ја почнуваат сезоната!

144

Најдобриот и најискусниот женски судиски пар од Македонија, Силвана Карбеска и Марија Илиева новата сезона на меѓународен план ќе ја почнат со натпревар од Лигата на шампионите.

Карбеска и Илиева ќе судат меч од првото коло меѓу екипите на Мец и гостинот од Норвешка, Сторхамар во Франција на 11. овој месец.

Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе судат натпревар во машка конкуренција, во Европскиот Куп, меѓу косовскиот Кастриоти и Грачаница од БиХ.

ПретходноПоследни битки од групната фаза на ЕП: Србија по врвот, какви се шансите за осминафинале!
СледноПендаровски ги одликуваше македонските спортисти со државно признание Орден „8 Септември“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)