Клоп и проклетството на седмата година, време е за заминување од „Енфилд“!

1394

Невозможно, но така е. Јирген Клоп кој некогаш беше икона на Ливерпул, на фановите на “редси“, полека, но сигурно ја губи довербата кај сите во клубот од „Енфилд“. Па така сега почесто се коментира дека уште еден Германец, по Тухел во Челзи, ќе добие отказ. И тоа поради катастрофалниот старт во новата сезона посебно во Премиерлигата, каде има на седум меча само две победи, три ремија и еден пораз. Да не говориме за потопот што му се случи во Неапол во ЛШ каде неговиот тим загуби со неверојатни 1:4.

Јасно е дека веќе ја нема магијата, Ливерпул не е веќе ниту сенка на оној тим од пред две или три сезони, кога беше европски првак и кога во ковид-сезоната по 30 година беше шампион во Премиерлигата.

Го нема веќе тој “хевиметал – фудбал“ што беше измислица на Клоп. Сега Ливерпул е само еден просечен клуб од Англија.

А зошто е тоа така? Каде исчезна магијата на Германецот?

Е, па, веројатно во таа “проклета“ седма година!

Интересно, секаде каде што бил тренер Клоп, таа седма година му била најслаба и си поднесувал оставка. А оваа година му е седма во Ливерпул.

Да се потсетиме. Кога беше во Мајнц тој за првпат го внесе во Бундеслигата, го однесе и во Европа, но потоа испадна во “цвајта“ и не успеа да го врати во елитата, па мораше да си замине и тоа во седмата година.

Во Борусија Дортмунд Јирген Клоп беше икона на фановите на овој клуб. “Милионерите“ беа шампиони во Бундеслигата, си поигруваа со Баерн Минхен, играа и во финалето во ЛШ, играа фудбал како од бајките, но потоа дојде таа седма година во која тимот заврши на 7. место на табелата и Клоп мораше да си оди.

Еве сега и во Ливерпул во седмата година резултатите му се катастрофа.

ПретходноМбапе му се нафрли на Хакими: Дај ми веќе една добра топка! (ВИДЕО)
СледноХамилтон поради замена на моторот ќе стартува последен