ЛЕ и ЛК: Џани против Динамо Киев, Тричко дома со Рен, Барди на гости кај Ференцварош…

104

Вечерва се играат натпреварите од групната фаза во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Во ЛЕ ќе настапат четворица наши интернационалци, од кои тројца актуелни репрезентативци.

Езџјан Алиоски со својот Фенербахче дома во Истанбул го чека Динамо Киев. Ова е реприза од нивниот меч од 3.квалификациско коло во ЛШ, познат по оној настан кога фановите на Фенер скандираа “Путин, Путин..“ за што Фенер беше и казнет.

Иван Тричковски со АЕК Ларнака дома игра против Рен од Франција. Да кажеме дека овие четири екипи се во иста група, групата Б.

Енис Барди со Трабзонспор ќе му гостува на Ференцварош, додека Ердал Ракип со Малме игра против Брага.

Мечевите започнуваат од 18:45 и 21 часот вечерва.

Дерби средбите се меѓу Ц. Звезда и Монако, Цирих и Арсенал, Лацио и Феенорд, Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад.

Во Лигата на Конференции имаме само двајца интернационалци и двајцата се во ист тим, во Пјуник. Марјан Радески и Стефан Спировски вечерва играат против Базел во гости.

Од другите мечеви поинтересни се Словачко – Партизан, Вест Хем – ФЦСБ, Виљареал – Лех, Ница – Келн и секако Балкани – Клуж.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Големото дерби меѓу Пелистер и Гостивар за Грујоски!
СледноМихајловиќ по отказот во Болоња: Никогаш не сум бил лицемер, нема ни сега да бидам!