Голем „кикс“ на италијанска Рома на стартот од групната фаза во Лигата на Европа. Тимкот на Жозе Мурињо вечерва беше поразен на гостувањето во Бугарија од екипата на Лудогорец со 2:1 со што неочекувано со пораз го почна походот на нов европски трофеј, по оној од Конференциската лига минатата година.
Бугарите поведоа со голот на Каули во 72. минута, а Шомуродов во 86. минута успеа да израмни на 1:1. Кога с ечинеше дека Рома тргнува кон целосен пресврт, Нонато во 88. минута го врати водството за домашниот тим за конечни 2:1.
Фенербахче со гол во 92. минута успеа да ги освои трите бода на домашен терен против Динамо Киев. Алиоски беше стартер за Фенер и одигра 83. минути на мечот во кој одлуката за победа на Турците ја донесе Батшуаи.
Тричковски кој беше стартер за АЕК Ларнака доживеа пораз на домашен терен од екипата на Рен иако до пред самиот крај Кипраните имаа реми. Победата на гостите им ја донесе Асињон со гол во 92. минута. Нашиот интернационалец одигра 79. минути.
Еден од главните фаворити во Лигата на Европа оваа сезона, англиски Арсенал, минимално со 2:1 славеше кај Цирих. Головите во победата на „топчиите“ ги постигнаа Маркињос и Нкетиа.
ЛИГА НА ЕВРОПА
ГРУПА – А
Цирих – Арсенал 1:2
ПСВ – Бодо 1:1
ГРУПА – Б
АЕК Ларнака – Рен 1:2
Фенербахче – Динамо (К) 2:1
ГРУПА – Ц
ХЈК – Бетис 0:2
Лудогорец – Рома 2:1
ГРУПА – Д
У. Берлин – Ст. Жилои 0:1
Малме – Брага 0:2