Малку изненадувачки, но пред неколку денови Болоња му врачи отказ на Синиша Михајловиќ, образложенито беше дека тој со тимот имал слаби резултати на стартот од сезоната во Серија А.
Србинот, кој во изминативе две – три години имаше проблеми со здравјето, немаше свој коментар веднаш по отказот, тоа се случи дури откако се појави во јаноста со писмо во “Газета“.
Тој покрај другото напиша дека не ја разбира одлуката на клубот, но и дека ја прифаќа, но не криеше дека истата тешко му паднала:
“Никогаш не сум бил лицемер, нема ни сега да бидам. Не разбирам зошто добив отказ. Го прифаќам како и секој професионалец, но сепак сметам дека ситуацијата беше под контрола и можеше да се поправи. Клубот не мисше така иако минаа само пет кола. Мислам дека оваа одлука е подготвувана подолго време. Штета!“ пиша покрај другото Србинот.