Нуркиќ ја отвори душата: Четворица играчи да спијат во еден кревет, да не почнуваме ве молам!

626

Босна и Херцеговина не успеа да го завери билетот за осминафиналето на Евробаскетот, не успеа да ја доби битката за Литванија. Оваа репрезентација беше на прагот да го откаже своето учество поради лошите услови кои владеа во тамошната федерација. На десет дена пред стартот на континенталното натпреварување беше назначен селектор, а по елиминацијата НБА ѕвездата, Јусуф Нуркиќ ја отвори душата пред медиумите.

Прво посочи дека мора да се изгласа ново раководство кое ќе знае да се грижи за најголемата светост – националниот тим.

„Кај нас секогаш е добро или лошо, нема средина. Горд сум на момците, тренерите, стручниот штаб, сите оние кои допринесоа да имаме ваква атмосфера. Знаеме како почнавме и дека импровизиравме во никакви услови.

Мора да имаме услови како што треба во иднина, Ние пред десет дена на стартот на ЕП добивме тренер. Се надевам дека во октомври (за кога се закажани изборите) ќе го направите своето. Сакаме да имаме земја која ја сака Босна и Херцеговина, сакаме народот да се радувма, без разлика на верата, тоа никогаш не било важно. Се надевам дека ќе ги направиме тие промени“.

Босна докажа дека може да игра против секого, но Нуркиќ праша дали е тоа вреди кога немаат основни услови.

„Што вреди тоа кога четворица играчи спијат во еден кревет. Да не зборуваме за тоа. Еден ден кога ќе дојде време за тоа ќе извадиме слики и видео. Сега не е ниту време, ниту место. Мораме да сфатиме дека репрезентацијата е над сите, ако сакаме да биде добра во било кој спорт, мора на спортистите да им се обезбедат сите услови, во спротивно нема напред. Направивме чудо, дојдовме со 12 момци кои го дадоа својот максимум. Горд сум на нив, жал ми е што се пласиравме во осминафиналето, но не можам да му замерам на никого“, изјави Нуркиќ.

ПретходноСпектакл во Њујорк од 318 минути: Алкараз по чудесен пресврт до полуфинале на УС Опен!
СледноВоведена новата Вар-технологија: Во Лигата на шампиони беше поништен гол поради мал прст!