Се одиграа последните мечеви од групната фаза на Европското првенство. Србија остана перфектна и како првопласирана оди во осминафиналето, каде за противник ќе има селекцијата на Италија.
На последниот меч, Србија ја совлада Полска со 96-69 во битката за врвот во групата Д. Дека ова ќе биде нова победа за избраниците на Светслав Пешиќ беше познато по првата четвртина, поведоа со 28-14, на одморот водеа со 52-33.
Јокиќ со 19 поени беше лидер кај Србија, Милутинов имаше 16 поени.
Италија ја оправда фаворитската улога против Велика Британија славеше со 56-90 за трета победа во групната фаза. Но, завршува на последното место на таб елата во групата Ц.
ДВОЈКИ ОСМИНА ФИНАЛЕ:. Германија – Црна Гора, Грција – Чешка, Шпанија – Литванија, Финска – Хрватска, Словенија – Белгија, Украина – Полска,Турција – Франција, Србија – Италија.
Мечевите од осминафиналето се играат во недела.