„Се тетовирав на 13 години и си ветив дека ќе ја бакнам тетоважата кога ќе го дадам првиот гол во ЛШ…“

400

Џовани Симеоне на само 13 години го истетовирал логото на Лигата на шампионите на раката. Иако татко му Диего Симеоне и мајка му биле премногу лути на него, тој си ветил дека ќе ја бакне тетоважата кога ќе го постигне првиот гол во Лигата на шампионите.

Имав 13 години кога се тетовирав. Ја обожавав Лигата на шампионите. Татко ми беше многу лут. Мајка ми ме праша: Зошто го направи тоа? Јас им кажав: еден ден ќе играм во ЛШ и ќе дадам гол. Тогаш ќе ја бакнам тетоважата. На 13 години размислував само на едно нешто. Да играм фудбал во Европа“, изјави Симеоне јуниор.

И така на 27 години му се оствари сонот.
Неодамна направи трансфер во Наполи и доби шанса да настапи во елитното клупско европско натпреварување, па уште на дебито во 1. коло од групната фаза му даде гол на Ливерпул. Тој истрча кон навивачите со солзи во очите и го бакна логото на ЛШ тетовирана на раката.

ПретходноМасларков: Тиквеш не размислува за нов тренер, засега Мојсов ќе биде на клупата!
СледноХрватска ја победи Украина и веројатно избегна пресметка со Србија во осминафиналето!