Во сабота продолжува сезоната во ВМФЛ. Секако дека дербито се игра во Битола каде на стадионот “Петар Милошевски“ се среќаваат Пелистер и Гостивар, кандидати за највисок пласман. Овој натпревар ќе го суди Александар Грујоски од Кичево. Вардар игра дома со Борец, а на “центарот“ ќе биде Пларент Салихи од Тетово.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 4.КОЛО – САБОТА (16 Ч)
Пелистер – Гостивар (Александар Грујоски – Кичево)
Воска Спорт – Беса (Доне Ристовски – Гевгелија)
Слога (В) – Каменица Саса (Бењамин Ќерими – Скопје)
Беласица – Пехчево (Владимир Ѓорѓиевски – Битола)
Тетекс – Караорман (Марјан Дејаноски – Кичево)
Вардар – Борец (Пларент Салихи – Тетово)
Кожуф – Детонит Плачковица (Стојанче Стојанов – Штип)
Арсими – Охрид (Александар Василевски – Скопје)