Судии за ПМФЛ: Трпчевски во Ѓорче, Стојчевски “главен“ на Чаир, Пилешков во Струга

603

Одредени се судиите за петте мечеви од 7.коло во ПМФЛ. Во сабота во Ѓорче ќе се сретнат Македонија ЃП и Силекс, овој меч ќе го води Стојанче Трпчевски од Кавадарци. На “центарот“ на мечот меѓу Шкупи и Работнички ќе биде Игор Стојчевски, додека во Струга главен судија ќе биде Димитар Пилешков.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 7.КОЛО – НЕДЕЛА (16 Ч)

Струга ТЛ – Скопје (Димитар Пилешков – Штип)

Тиквеш – А. Пандев (Јован Качевски – Струга)

Шкупи – Работнички (Игор Стојчевски – Скопје)

Победа – Брегалница (Александар Ставрев – Скопје)

САБОТА (16 Ч)

Македонија ЃШ – Силекс (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

ПретходноПо дебаклот од Шахтјор, РБ Лајпциг назначи нов тренер
СледноСудии за ВМФЛ: Големото дерби меѓу Пелистер и Гостивар за Грујоски!