Хрватска со победа од 11:10 стигна до финалето на ватерполо европското првенство во Сплит. Вечерва во второто полуфинале, хрватските ватерполисти ја совладаа Италија со 11-10 (3-2, 3-3, 3-3, 2-2) и со тоа и се приклучија на Унгарија во големото финале и битката за континенталната титула.
Јерко Мариниќ Крагиќ постигна четири гола за Хрватска, три додаде Андрија Башиќ, два Константин Харков и по еден Марко Жувела и Рино Буриќ, додека Франческо Ди Фулвио постигна три гола за Италија.
Во финалето в сабота Хрватска ќе се обиде пред полното гледалиште во Сплит да ја искористи домашната предност и да стигне до златото.