Ватерполо репрезентацијата на Унгарија е прв финалист на Европското првенство чиј домаќин е Хрватска. На првиот полуфинален меч во Сплит, Унгарците ја совладаа Шпанија со 10:8 (2:3, 5:2, 0:2, 3:1) и во финалето го чекаат подобриот од мечот меѓу Хрватска и Италија.
Кај победниците, Адам Наѓ постигна три гола, Кристијан Манхерц два гола, а голманот Сома Вогел имаше брилијантни 12 одбрани, додека Алваро Гранадос беше најдобар кај „Фуријата“ со три гола.