Англиски Вест Хем во најинтересниот вечерашен меч од 1. коло во групната фаза на Конференциската Лига со пресврт славеше над Стеауа со 3:1. Англичаните беа долго време во негатива, пред да го започнат превртот со голот од пенал на Боувен во 69. минута.
Пјуник на Радески и Спироски беше убедливо совладан на гостувањето кај Базел со 3:1, а ниту еден од нашите интернационалци не се најде на теренот.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
ГРУПА – Б
Вест Хем – ФЦСБ 3:1
ГРУПА – Е
Вадуц – Аполон 0:0
Дњипро – АЗ Алкмар 0:1
ГРУПА – Ф
Молде – Гент 0:0
Шамрок Р. – Дјургарден 0:0
ГРУПА – Г
Сиваспор – Славија (П) 1:1
ГРУПА – Х
Базел – Пјуник 3:1
Слован (Б) – Жалгирис 0:0