КЛ: Партизан од 0:2 до 3:2, па на крајот реми, Балкани со прв бод (ВИДЕО)

193

Фудбалерите на Словачко и Партизан го одиграа еден од двата најинтересни попладневни дуели на стартот од групната фаза во Конференциската лига на УЕФА. Белграѓани по првото полувреме беа во негатива од 2:0 на гостувањето во чешка, а згора на тоа останаа и со играч помалку по исклучувањето на Белиќ во 22. минута.

Сепак, на стартот на вториот дел Партизан постигна три гола во серија (два на Диабате и еден на Гомес) со кој направи целосен пресврт за 3:2 и тоа со играч помалку. Честа на домашните ја спаси Козак кој во 83. минута ги постави конечните 3:3.

Меч со седум погодоци се одигра во Шпанија, каде Виљареал на крајот со 4:3 ја оствари првата победа во групата, совладувајќи го полски Лех. „Кикс“ на стартот од групната фаза направи Фиорентина која не успеа на домашен терен да слави над летонски РФС играјќи нерешено 1:1.

СЛОВАЧКО – ПАРТИЗАН 3:3 (ГОЛОВИ)





 

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

ГРУПА – А

Фиорентина – РФС 1:1

Хартс – Истанбул Б. 0:4

ГРУПА – Б

Андерлехт – Силкеборг 1:0

ГРУПА – Ц

Австрија (В) – Хапоел 0:0

Виљареал – Лех 4:3

ГРУПА – Д

Словачко – Партизан 3:3

Ница – Келн

ГРУПА – Г

Балкани – Клуж 1:1

ПретходноЛЕ: Мурињо и Рома поразени во Бугарија, стартна победа за Алиоски, порази за Тричко и Ракип (ВИДЕО)
СледноДиего Коста пристигнува во Вулверхемптон