Клоп по дебаклот: Дали се плашам дека може да ми се случи Тухел?

389

Ливерпул доживеа дебакл на стартот од Лигата на шампионите, беше поразен со 4:1 на гостувањето кај Наполи, меч кој беше решен во првото полувреме.

Јирег Клоп по завршување на дуелот потенцира дека имале големи проблеми.

“Проблемите беа очигледни. Наполи одигра многу добар натпревар, а ние одигравме многу лош натпревар. Зошто бевме лоши? Поради стартот, пенал, па наскоро нов пенал. Не е лесно да се игра во оваа атмосфера, но нашите проблеми лежат затоа што едноставно не игравме добро. Не бевме компактни, не се сеќавам на една ситуација во која бевме. За 60 минути воопшто не направивме контрапресинг, додека не влезе Тиаго. Изгубивме многу топки затоа што бевме далеку“, започна Клоп и продолжи:

Мојата работа сега е да откријам зошто не ни оди добро. Ова не е прв пат да не играме добро, а знаеме дел од причината, но навистина мислам дека можевме да одиграме многу подобро. Ова е моја одговорност, ќе морам да размислам, повторно да ја гледам играта и да се обидам да разберам каде точно згрешило да им се даде на момците вистинската порака“.

Клоп на прес-конференцијата беше запрашан дали се паши дека може да добие отказ за Томас Тухел.

„Не сум баш во таква ситуации. Нашите сопственици се смирени, оечкуваат да ја решам оваа ситуација, а не тоа да го направи некој друг“.

ПретходноПознат е наследникот на Тухел во Челзи!
СледноСрбите во неверување поради промоција на „Голема Албанија“ пред дуелот меѓу гигантите во ЛШ (ВИДЕО)