Масларков: Тиквеш не размислува за нов тренер, засега Мојсов ќе биде на клупата!

2543

Вчера во заостанатиот меч од 1.коло во ПМФЛ, Тиквеш на свој терен во Кавадарци, одигра маестрално и со убедливи 3:1 успеа да го победи тимот на Шкупи, шампионот на Македонија. Интересно, на клупата не беше Влатко Костов кој пред два дена си поднесе неотповиклива оставка и по една година тој си замина од Кавадарци.

Тимот вчера на мечот со Шкупи го водеше Ѓоко Мојсов, довчерашниот асистент на Костов.

Во јавноста се шпекулираше дека Тиквеш има нов тренер, клубот потоа излезе со демант, а за “Спортмедиа“ првиот човек на клубот, Миле Масларков истакна дека засега тимот ќе го води токму Мојсов.

Секако дека сме задоволни од оваа победа против Шкупи, ние и со Силекс и Шкендија, иако загубивме, сепак требаше да победиме. Што се однесува за нов тренер јас не знам зошто толку фама се дигна во јавноста. Тиквеш не размислува за нов стратег, засега на клупата ќе биде Ѓоко Мојсов заедно со Трајче Орешков и Александар Митрев. И така ќе се биде се додека Мојсов има реузлтати со Тиквеш“ посочи Масларков за „Спортмедиа“.

ПретходноМихајловиќ по отказот во Болоња: Никогаш не сум бил лицемер, нема ни сега да бидам!
Следно„Се тетовирав на 13 години и си ветив дека ќе ја бакнам тетоважата кога ќе го дадам првиот гол во ЛШ…“