Начевски и Николов ќе го судат дуелот меѓу Вардар и Е. Пелистер во Суперкупот!

154

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се одредени за судии на мечот меѓу Вардар и Е. Пелистер во Суперкупот на Македонија. Оваа информација беше објавена од страна на РФМ. Се разбира кога се играат вака важни мечеви и големи финалиња а во нив играат двата наши најдобри клубови, тогаш треба да судат и најдобрите судии.

Инаку Суперкупот на Македонија за 2021/2022 сезона, се игра во недела во Охрид, во салата „Билјанини Извори“ со почеток од 20 часот.

Меч кој предизвикува големо внимание меѓу ракометните фанови во Македонија, посебно кај навивачките групи на двата клуба.

Претходно„Шумарите“ не застануваат – го донесоа и Серж Орие
СледноОфицијално: Греем Потер е нов менаџер на Челзи