Спектакл во Њујорк од 318 минути: Алкараз по чудесен пресврт до полуфинале на УС Опен!

147

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако по голема битка и пресврт го совлада Јаник Синер со 3-2 по сетови (6:3, 6:7 (7), 6:7 (0), 7:5, 6:3). Во битката за финале ќе се сретне со домашниот тенисер Френсис Тиафо. Другата полуфинална двојка е Каспер Руд – Карен Хачанов.

Дуелот меѓу шпанскиот и италијанскиот тенисер траеше преку пет часа, поточно 318 минути.

Првиот сет донесе голема размена на брејкови на стартот, а потоа на крајот Алкараз заигра подобро и двапати по ред го одзеде сервисот на Синер и поведе.
Но, во вториот Синер прв возврати, а потоа во моментот кога Алкараз сервираше за сетот успеа да направи брејк. Тогаш Алкараз имаше дури четири сет топки во моментите кога Синер сервираше за останување во сетот и тајбрејк, но не ги искористи.

Следуваше драма во тај-брејкот, каде и Синер и Алкараз промашија сет топка, а потоа Синер искористи нова за израмнување.

Третиот сет донесе нешто слично. Алкараз прв направи брејк, Синер возврати, потоа Алкараз беше во позиција да сервира за сет, но потоа Синер направи брејк, го доби со неверојатни 7:0 и поведе со 2:1.

Се чинеше дека Алкараз е загубен во четвртиот сет, но магично се извлече и потоа го освои сетот и го внесе мечот во петтиот сет.

Синер имаше брејк предност и во петтиот сет, но веднаш возврати Алкараз, кој при резултат 4:3 направи брејк и се најде во позиција да сервира за мечот. Стигна до меч поен и веднаш ја искористи.

ПретходноСрбите во неверување поради промоција на „Голема Албанија“ пред дуелот меѓу гигантите во ЛШ (ВИДЕО)
СледноНуркиќ ја отвори душата: Четворица играчи да спијат во еден кревет, да не почнуваме ве молам!