Хрватска ќе игра со Унгарија за европското злато во ватерполо

97

Хрватска со победа од 11:10 стигна до финалето на ватерполо европското првенство во Сплит. Вечерва во второто полуфинале, хрватските ватерполисти ја совладаа Италија со 11-10 (3-2, 3-3, 3-3, 2-2) и со тоа и се приклучија на Унгарија во големото финале и битката за континенталната титула.

Јерко Мариниќ Крагиќ постигна четири гола за Хрватска, три додаде Андрија Башиќ, два Константин Харков и по еден Марко Жувела и Рино Буриќ,  додека Франческо Ди Фулвио постигна три гола за Италија.

Во финалето в сабота Хрватска ќе се обиде пред полното гледалиште во Сплит да ја искористи домашната предност и да стигне до златото.

ПретходноИОК донел одлука: Боксот излегува од програмата на Олимписките игри
СледноПоради Лео Меси мечевите на Аргентина на СП во Катар се веќе распродадени