Спортските настани на територијата на Велика Британија кои беа закажани за денеска се одложени, по веста за смртта на кралицата Елизабета Втора.
Како што е познато, 96-годишната кралица почина во четвртокот вечерта, по што први се огласија организаторите на натпреварите во трки со коњи кои веднаш беа откажани. По нив е откажан и вториот ден од турнирот во голф од шампионатот PGA, кој требаше да се одржи до недела.
Англиската фудбалска лига, исто така, ги одложи петочните натпревари во Чемпионшип меѓу Барнли и Норич, како и дуелот од Лига 2, меѓу Транмере и Стокпорт Каунти.
Шкотската Лига исто така презеде акција и го одложи денешниот натпревар помеѓу Ков Ренџерс и Данди. Планираниот шести ден од велосипедската Трката околу Британија, исто така, нема да се одржи во знак на почит. Се уште останува отворено прашањето дали Премиер лигата ќе го следи примерот и ќе го одложи викенд колото.










