Денеска во Струмица почнува 3. Меморијален турнир „Илија Караманов“

121

Денеска во Струмица започнува 3. Меморијален меѓународен одбојкарски турнир во женска конкуренција, „Илија Караманов“. Меморијалниот турнир започнува со натпреварот меѓу Работнички и Скендербеу (Албанија) во 16:30 часот во салата на СОУ „Димитар Влахов“, а во 19:00 ќе се одигра и вториот натпревар во првиот ден на турнирот меѓу екипите на Наковски Волеј и Дрита (Косово).

Утре во вториот ден од турнирот во 11:00 часот ќе се игра мечот за 3. Место, а во 13:00 часот најдобрите ќе се борат за првото место на турнирот „Илија Караманов“.

ПретходноДавид Бабунски го раскина договорот со Дебрецин
СледноВозачот на Вилијамс итно опериран пред утрешната трка на Монца