Конечно и Шалке победи

73

Екипата на Шалке ја забележа првата победа во новата сезона во Бундес лигата и на тоа чекаше дури до 6. коло. Вечерва на домашен терен, тимот од Гелзенкирхен славеше со 3:1 над Бохум и со тоа ја прекина низата без триумф. До пред овој меч Шалке имаше два порази и три ремија. Бохум е последен со шест порази од исто толку натпревари.
Доминик Дрекслер го отвори резултатот во 38. минута, изедначи Цолер во 51 минута, а во 73 минута Шалке одново доаѓа во предност со автогол на Масовиќ.
Во шестата минута од судиското продолжение Полтер ги постави конечните 3:1.

Претходно„Два од два“ за  Пролет и Струга!
СледноНавивач се бори за живот, натпреварот во Кадиз во прекин