Македонската репрезентација до 15 години е победник на развојниот турнир организиран од УЕФА кој се одржуваше деновиве во Скопје. Нашите млади репрезентативци предмалку во финалето ја совладаа репрезентацијата на Косово, со конечни 2:1.
Двоен стрелец за нашиот национален тим е Александар Грашевски. Во 27. минута по одличното додавање од Бранковски, Грашевски одлично реализира и Македонија поведува со 1:0.
Следуваше израмнување од страна на противникот од слободен удар во 64. минута, за да по пет минути Грашевски повторно стапува на сцена. Стаматовски одлично продре по левата страна, додаде за Грашевски, а овој со прекрасен удар погодува за 2:1 и конечен триумф на Македонија.