Утре во Охрид, во салата “Билјанини Извори“ со почеток од 20 часот, се игра Суперкупот, во кој се среќаваат Вардар и Е.Пелистер, двата наши најдобри ракометни тимови во моментов.
Нема фаворити, и двете екипи силно го посакуваат трофејот а за тоа дали Вардар е подготвен за овој натпревар, свој коментар има Владо Недановски, стратегот на шампионот.
„Знаеме дека Е. Пелистер е добар тим со повеќе играчи и повеќе ротации.Ние тој луксуз го немаме. Имаме и ние свои квалитети, тоа го покажавме на мечот со Нексе. Мислам дека и физички и тактички сме подготвени за дуелот со Е. Пелистер. Знаеме што не очекува“ вели Недановски.
Не е тајна дека со оглед на тоа дека ова е старот на сезоната, не може да се бара од тимовите идеална форма:
“Секако дека формата не може да биде на највиско ниво. Сите ја темпираат таа да биде за најважните натпревари, а тие следуваат во понатамошниот дел од сезоната. Предност ќе биде тоа што Е. Пелистер одигра повеќе натпревари“ рече покрај другото стратегот на Вардар.
Инаку Вардар е единствен тим кој досега во четирите мечеви во Суперкупот бил учесник, има три победи и еден пораз, токму од Е.Пелистер лани.