Пораз за Македонките на стартот на Лигата на шампиони

117

Лигата на шампиони не стартуваше најдобро за македонските ракометарки. Леонида Гичевска, Андреа Седлоска и Сања Дабевска, кои настапуваат за хрватскиот шампион Локомотива Загреб беа поразени на домашен терен.

Рапид Букурешт од Романија излезе како победник од оваа средба, без поголеми проблеми славеше со 31-27 (16-12).

Сања Дабевска и Леонида Гичевска беа стрелци на еден гол од три обиди, додека Андреа Седлоска не успеа да се запише во листата на стрелци.

ПретходноБарса го совлада Кадиз со четири гола во второто полувреме (видео)
СледноТeл стана рекордер на Баерн