Каков старт на Силекс во сезоната 2022/23 во која влегоа како нови прволигаши. Седум мечеви и во нив четири победи, две ремија и само еден пораз и тоа оној од лидерот Струга ТЛ. Па така сега со 14 бодови се перчат од горе, од втората позиција на табелата.
Нема што, силен е овој Силекс. И денеска момците на стратегот Горазд Михаилов покажаа како се игра за да се победи. Тактички мудро, не се залетуваа, знаеја да ја искористат шанса која им се даде во таа 80.минута и заслужено со песна си заминаа од Ѓорче.
Македонија ЃП е во голема резултатска криза, што ли се случува со “лавовите“ е големо прашање.