Со исклучително интересен и неизвесен дуел започна осминафиналната рунда на европското кошаркарско првенство. Турција и Франција понудија голема драма во Берлин, која на крајот и донесе среќен крај на Франција, која по пет минути продолжение стигна до победа од 87:86 и пласман во четврфиналето.
Турците го имаа мечот во свои раце, откако во последните 15-тина секунди влегоа со предност од два поени 77:75, а имаа и две слободни фрлања. За жал, Чеди Осман не успеа да погоди ниту едно, а Турција ја загуби и топката во нападот кој го доби поради неспортската лична грешка на противниците, по што Франција се избори за продолженија.
Во нив „триколорите“ беа посмирени и влегоа со предност. Сепак, во последната минута Турција дојде на минус еден, успеа да одбрани напад на Франција, но Тунчер ја загуби топката и им дозволи на „триколорите“ да се одбранат и да обезбедат билет за четвртфиналето.
Руди Гобер постигна 20 поени во победата на Франција, додека Тунчер со 22 поени беше најдобар поентер кај Турција во чии редови охриѓанецот Чеди Осман заврши со 11 поени.