Алкалоид дојде до втората победа во Супер-лигата во исто толку одиграни натпревари. Избраниците на Кирил Лазаров го совладаа Куманово на гостински терен со 26-40 во рамките на првиот меч од второто коло во групата А.
И оваа средба како претходната беше решена по едно полувреме. Гостите поведоа со 3-6, 7-14, па 9-19, на одморот домашниот состав успеа да намали на 10-19.
Ништо не се промени, по само неколку минути, Алкалоид дојде на плус 11 (10-21) и без проблем оваа позитива ја зголемуваше. Останатиот дел беше рутинска задача за момците на Лазаров. На другата страна Куманово беше неможен, па шансата за прва радост ќе мора да ја бара во следните натпревари.
Стојков со осум гола го предводеше победничкиот состав, зад него со по пет погодоци беа Кофиловски и Петковски. Кај домаќинот, Мрвовиќ имаше девет гола.