Матијас Дијас Хернандес од Аргентина е победник на 35. издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој добро познатата патека “Климе Савин“ од Св. Наум од Охрид ја мина за 5 часа, 50 минути, 30 секунди и 5 стотинки.
Иако во дел од трката водството го имаше Италијанецот Гетини, Хернандес го презеде водството од Пештани и до крајот не го испушти до крајот на трката во Охрид.
Втор на целта стигна токму Гетини, кој по четврти пат плива во Охридското езеро на мартонот.
Нашиот Евгениј Поп Ацев стигна трет на целта, по него и вториот наш маратонец Александар Илијевски.