Вардар броеше со шест, а Комити бараат победничка низа и пласман во прва лига… (ВИДЕО)

1033

Вардар денеска со нешто видоизменет состав на стадионот Борис Трајковски во Скопје го совлада Борец со 6:0. Висока, убедлива победа која на Вардар му беше потребна по киксот во Радовиш кај Детонит.

Погодија и новитетите Жоглев и Кире Маркоски, се разиграа и Дарио Десниќ и Симеон Христов. И на обајцата им беше потребен гол, за да влезат во серија, а Десниќ дури постигна и два.

Следуваше стандардното славје со верните Комити, оние кои Вардар никогаш не го оставија на цедило. Но тие признаваат само победи и тоа во низа за Вардар конечно да се врати онаму каде што му е местото, во ПМФЛ, и оваа „шампионска“ песна да биде онаа вистинската прволигашка.

https://youtube.com/shorts/6-VyOepUv60?feature=share

ПретходноВтор триумф во „контролите“, МЗТ Скопје подобар од Здравје Лесковац
СледноПСЖ едвај победи со Брест, Нејмар донесе три бода! (ВИДЕО)