Гостивар покажа кој е кој во моментов. Гостиварци попладнево во дербито на 4.коло среде Битола со 1:3 успеаја да слават над Пелистер. Одлично издание на големиот фаворит за највисок пласман. Стрелци на головите беа Каланоски, Рамадани и Велинов додека кај домашните стрелаше Дуков.
Вардар со 6:0 го победи очајниот Борец. Вардарци немаа тешка работа, просто си поигруваа со велешани. Два гола на Десниќ, потоа стрелаа и Христов, Жоглев, Величкоски и Маркоски.
Воска Спорт единствена има четири од четири, поладнево Охриѓани славеа против Беса со 2:1.
Во Гевгелија домашниот Кожуф со 2:0 успеа да го победи тимот на Детонит Плачковица.
Арсими успеа со 1:0 да го победи Охрид и со тоа да дојде до првата домашна победа, големи три бода за составот на тренерот Бујар Ислами.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 4.КОЛО
Пелистер – Гостивар 1:3
Воска Спорт – Беса 2:1
Слога (В) – Каменица Саса 1:1
Беласица – Пехчево 1:1
Тетекс – Караорман 2:1
Вардар – Борец 6:0
Кожуф – Детонит Плачковица 2:0
Арсими – Охрид 1:0