Втор триумф во „контролите“, МЗТ Скопје подобар од Здравје Лесковац

122

МЗТ Скопје запиша победа и на вториот пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона, откако го совлада Здравје Лесковац со 81-72. Овој дуел беше одигран во „Кале“ поради зафатеност на СЦ „Јане Сандански“.

Кафи имаше 16 поени, Јигитоглу постигна 15 поени, додека Миќовиќ и Дамјан Стојановски запишаа по 13 поени, еден помалку запиша Војдан.

Актуелниот македонски првак по првата четвртина имапе водство од 23-17. Мечот го отвори со водство од 10-4 со поените на Дамјан, Миќовиќ и Кефи. Во следниот период Здравје Лесковац беше подобар со 17-21, но сепак МЗТ Скопје имаше минимална предност на одморот од 40-38.

Последните две четвртини минаа во изедначена битка, со тоа што избраниците на Александар Петровиќ одржуваа минимална предност. Од 35 минута, гостите паднаа, на другата страна следеше казна за сосема заслужена победа.

ПретходноСлавје на младите репрезентативци по триумфот над Косово…. „Излези момче“ ечи во соблекувалната на Македонија (ВИДЕО)
СледноВардар броеше со шест, а Комити бараат победничка низа и пласман во прва лига… (ВИДЕО)