Онаа сензационална победа над Челзи во Лигата на шампионите како да ги „издиша“ фудбалерите на Динамо кои се измачија на мечот со Горица во домашниот шампионат. Тренерот Анте Чачиќ реши да одмара дел од фудбалерите кои го играа мечот со Челзи, па така Ристовски не беше во протоколот, а Адеми почна од клупата.
На Динамо не му одеше, па Чачиќ на стартот на вториот дел ги внесе и Петковиќ и Адеми и Мислав Оршиќ. Горица чиј тренер е поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски добро се бранеше се во 92 минута кога Оршиќ успеа да погоди и да ги донесе бодовите за Динамо.
Динамо е лидер со 25 бода, а Горица е претпоследна со само пет бода.