Со голот на Џакомо Распадори, и тоа во 89. минута од мечот, тимот на Наполи за кој Елиф Елмас играше од првата минута успеа со 1:0 да слави на домашен терен против тимот на Специа.
Она што преку целиот меч домашниот тим се обидуваше да го стори, му успеа дури во последните моменти. Распадори погоди за водство и автоматска победа затоа што гостинот немаше време да реагира и да се враќа резултатски.
Во жарот на борбата, а и откако неговиот тим поведе домашниот стратег Лучиано Спалети беше исклучен односно доби црвен картон.