Кузмановски се враќа на терените, ќе игра против Фленсбург!

130

Филип Кузмановски ќе се врати нешто порано на терените од последните најави. Македонскиот репрезентативец поради повреда на тетивите мораше да паузира околу три од четири недели.

Но, денеска доаѓаат одлични вести, Кузмановски се враќа порано од предвидувањата на докроторите, рехабилитацијата се одвивала добро, па е најавен за дуелот со Фленсбург, кој е закажан за денеска. Тој беше претходниот дуел во составот на Хановер, но не доби шанса токму поради повредата.

Ова е одлична вест и за македонската репрезентација, веќе во октомври стартуваат квалификациите за СП 2024 година. Македонија ќе игра против Турција и Луксембург.

ПретходноУЕФА покрена постапка: Ница и Келн ги чека висока казна!
СледноДуелот меѓу Каспер Руд и Карлос Алкараз ќе го одлучи новиот владател на АТП!