Попладнево на стадионот во Ѓорче, од 16 часот во меч од 7.коло во ПМФЛ, Македонија ЃП го дочекува Силекс, тимот кој важи за едно од најпријатните изненадувања на стартот од сезоната. Факт е дека “лавовите“ во изминатите шест кола не одиграа на своето ниво, имаат само една победа, две ремија и два порази, еднаш беа слободни.
Дали токму Силекс е шансата за три бода за Македонија ЃП останува да се види.
За тоа што може да се очекува од овој меч, свој коментар има Филип Мишевски, дефанзивецот на тимот од Ѓорче:
“Нема дилеми дека Силекс е одлична екипа со искусен тренер. Сепак ние нема што да калкулираме, ќе одиграме со максимален пристап и концентрација во текот на целиот меч. Сакаме победа, ги сакаме тие три бода.Да кажам дека во пресрет на денешниот меч атмосферата во екипата е на високо ниво“посочи Мишевски.
Да кажеме дека ова е меч на екипи кои играа во последното Куп финале, во кое Македонија ЃП беше поуспешна на пенали и го освои пехаро, а со тоа и играше во фудбалска Европа.