Шарл Леклер на радост на сите фанови на Ферари ја освои полпозицијата за ГН на Италија на легендарната Монца. Тој во квалификациите беше најбрз и со тоа утре ќе стартува прв на трката која почнува во 15 часот.
Втор беше Макс Ферстапен, но тој утре ќе стартува од позадина поради казната што ја има за менување на моторот.
Карлос Саинц заврши како трет, но и тој ќе стартува од позадина со оглед на тоа дека и тој има казна.
Па така Расел утре ќе стартува како втор а трет Ландо Норис од Мекларен.