Напаѓачот на Баерн Минхен, Кингсли Коман ја повреди тетивата на десната нога на вчерашниот тренинг, објави баварскиот великан.
Германскиот шампион додаде дека лекарскиот тим ја потврдил повредата и дека Французинот ќе биде надвор од терените во подолг период, иако нема точно дефиниран термин.
Претходно, тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, изјави дека повредата на Коман „не изгледа добро“ и дека се надева дека „само ги скинал мускулните влакна“.
Францускиот репрезентативец беше стартер на секој од последните четири натпревари на Баерн во сите натпреварувања. Баерн денеска го пречекува Штутгарт во Бундеслигата, а потоа во вторник пред своите навивачи игра против Барселона во дербито од второто коло од Лигата на шампионите.