Завршија првите 45.минути од првиот меч од 7.коло во ПМФЛ. Во Ѓорче екипите на Македонија ЃП и Силекс на пауза заминаа со резултат 0:0, веднаш треба да се каже дека од 28.минута домашните останаа со играч помалку од како Лазаревиќ доби втор жолт, односно црвен картон.
Македонија ЃП беше поактивна имаше и две шанси за водство, посебно онаа во 32.минута кога Ѓурѓевиќ шутираше а стоперот на кратовци Љамалари спаси чист гол. Во 8.минута Мишевски од слободен удар за малку беше непрецизен, додека и Стојковски се заканни, но голманот на гостите Велковски остана несовладан.