По ден одмор, денеска почнува елиминацијата на Европското првенство. 16 земји се борат за место во 1/4 финалето, никој нема право на грешка.
Првата средба во Берлин ја играат Турција и Франција. Двата тима веќе имаат меѓесебно искуство во оваа фаза од континенталното натпреварување, се сретнаа во 2015 година, а победа им припадна на француските кошаркари (76-53). Турција ја предводи охриѓанецот, Чеди Осман и Фуркан Коркмаз, додека пак на другата страба Фурние е главното оружје на Франција заедно со Тарпи.
Бранителот на титулата Словенија за место во четвртфиналето ќе се бори против Белгија. Овие два тима за првпат ќе се сретнат во еден ваков важен натпревар. Словенците последен пат ја совладаа Белгија во групната рунда на ЕП 2011 година.
Ако сака Белгија да направи изненандување ќе мора да го сопре Лука Дончиќ кој собра 83 поени.
Германија еден од домаќините на овој шампионат ќе ги одмери силите со Црна Гора. И ова ќе биде прва пресметка за двата тима во оваа фаза од континенталните натпреварувања. Црногорците до осминафиналето стигнаа откако елиминираа еден од организаторите, селекцијата на Грузија. Влегуваат како аутсајдери, но изненадувањата се неизбежни.
За крај на овој прв ден на битки за пласман во четвртфиналето е мечот межу Шпанија и Литванија, кои имаат добра историја на пресметки, една во финалињата на ЕП, во 2003 година победија Литванците, додека во 2015 година тронот и припадна на „фуријата“.
Шпанија групната фаза ја заврши со 4-1, додека Литванија го фати последниот воз, по очјаниот старт се разбуди, доби поклон од Франција и на крајот ја совлада Босна во директната пресметка.
ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ
12:00 Турција – Франција
14:45: Словенија – Белгија
18:00 Германија – Црна Гора
20:45 Шпанија – Литванија