По поразите на отварањето на новата сезона во Супер-лигата, Охрид и Тиквеш ја искористија предноста на домашен терен, но и ја оправдаа фаворитската улога во второто коло.
Охриѓани пред своите навивачи го совладаа составот на Прилеп со 33-26 нанесувајќи му го вториот пораз оваа сезона. Домаќинот поведе со 6-2 и најави дека бодовите ќе останат во салата „Билјанини извори“, на одморот имаше предност од шест гола (16-10), сосема доволна позитива за мирно второто полувреме.
Гостите успеаја да намал само на четири гола и ништо повеќе во продолжение.
Грубиќ беше лидерот кај победникот, имаше седум гола. Кај гостите Шокоски и Гавашелишвил имаа по шест гола.
Ова беше меч од групата А, второто коло ќе се комплетира во среда, кога ќе се сретнат Вардар и Бутел Скопје.
Во групата Б, ГРК Тиквеш благодарение на добрата игра во второто полувреме славеа против Радовиш со 32-25. Гостите пружија силен отпор во првото полувреме, по кое избраниците на Данило Брестовац имаа само два гола предност (16-14).
Симиќ со осум гола и Стефановиќ со шест беа најефикасни кај ГРК Тиквеш, Постолов со осум гола пак беше прв стрелец кај Радовиш.
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
ГРУПА А: Куманово – Алкалоид 26-40, Струга – Вардар Неготино 35-24, Охрид – Прилеп 33-26.
СРЕДА
Вардар 1961 – Бутел Скопје
Група Б: Пролет – Пелистер 2 28-22, Тиквеш – Радовиш 32-25.
НЕДЕЛА
17:30 Скопје – Јуниор К.В
СРЕДА
Е.Пелистер – Голден Арт