Скандал во шпанската Примера. Првиот човек на тимот на Рајо Ваљекано, претседателот Мартин Прес доживеал несреќа откако бил физички нападнат и удрен од страна на агентот на фудбалерот, Раул Де Томас, извесниот Иван Гарсиа.
Де Томас во моментов е член на тимот на Еспањол, но инсистирал на трансфер во Рајо. Преговорите траеле извесен период, но очигледно имало разлики во двете страни за да се постигне договор.
Па така, Гарсиа во еден момент се одлучил да го нападне Прес кој пак бил веднаш хоспитализиран. Информацијата најпрво ја објавија локалните медиуми, а потоа приказната ја презема шпансата верзија на светската спортска мрежа ЕСПН.
🚨 IMAGEN @elchiringuitotv 🚨
💥 MARTÍN PRESA ADMITE la denuncia por la AGRESIÓN de los AGENTES de RDT:
😳 “Se me atacó de una forma VIOLENTA y COBARDE”.
📹 @MarcosdVicente https://t.co/kTEC71Tptf pic.twitter.com/ke7VWw7V0x
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 10, 2022