Италијанскиот гигант Интер е на продажба, тврдат медиумите во Италија. Според неколку изданија, сопственикот на клубот, кинеската компанија „Сунинг“ побарала од „Голдман Сакс“ да најде потенцијален купувач. Цената за акциите на Интер е 1,2 милијарди евра.
Гласините за продажба на „нероаѕурите“ кружат веќе неколку месеци. Пред извесно време се шпекулираше дека клубот може да го купи јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, сопственик и на англиски Њукасл. Тоа се уште е опција, но според весникот „Либеро“ се бараат и други потенцијални купувачи.