Репрезентацијата на Словенија ја оправда улогата на фаворит во дуелот против Белгија и оствари пласман во четвртфиналето од Европскиот кошаркатски шампионат. Предмалку словенците предводени од Лука Дончиќ стигнаа до триумф од 88:72, а пресудна беше последната четвртина која „Змајчеките“ ја добија со 25:12.
Походот кон нова европска титула Словенија го продолжи пред се благодарение на Дончиќ кој постигна 35 поени и беше најјефикасен на овој дуел.
Словенија сега ќе го чека противникот за следната фаза од победникот помеѓу Украина и Полска.