На стартот на новото коло во шпанската Примера викендов, тимот на Рајо Ваљекано на чело со нашиот Столе Димитриевски на голот, обезбеди значаен домашен триумф против тимот на Валенсија од конечни 2:1. Домашните поведоа уште во петтата минута преку голот на Палазон, за да водството биде удвоено во 52. минута преку автоголот на Нико.
Потоа на гостите им беше невозможно да се вратат од оваа негатива, иако постигнаа утешен гол преку Диакаби
Со овие три бода, Рајо стигна до бројката седум и десеттото место, додека пак Валенсија има бод помалку и е на 12 место.