Хрватска е европски првак во ватерполо

96

Хрватските ватерполисти се европски шампиони откако во спектакуларно финале ја урнаа Унгарија со 10-9 и по втор пат во историјата го освоија европското злато. Финалето се играше во Сплит, по три гола за Хрватите постигнаа Рино Буриќ и Константин Харков, два Јерко Мариниќ Крагиќ, а по еден Иван Крапиќ и Андрија Башиќ. На хрватскиот гол брилјираше Марко Бијаќ со осум одбрани.
Со тоа Хрватска стигна до петтиот медал на ЕП и второ злато по она 2010 година кога исто така беа домаќини.

ПретходноТeл стана рекордер на Баерн
СледноМилан и со играч помалку ја совлада Сампдорија