Во третиот осминафинален меч денеска во Берлин, домашната селекција на Германија успеа да ја победи репрезентацијата на Црна Гора со 85:79 и да се пласира во четвртфиналето.
Таму ќе го чека својот ривал, а тоа е победникот од дуелот утре меѓу Грција и Чешка.
Интересно беше во Арената во Берлин. Германците во првото полувреме, во првата и втората четвртина ја покажаа сета своја сила, обезбедија огромна предност, но после како да се опуштија а тоа Црна Гора го искористи и дојде до шанса во средината од последната четвртина дури и да се закани, да направи резултатски пресврт. На 24 секунди дојде и до минус три поени. Сепак Германија успеа да победи.
Најдобар поентер на мечот беше Пери кај Ц. Гора со 25 поени, додека Шродер со 22 поени беше најдобар кај Германија.