Каков шок во Минхен, на „Алијанц Арената“. Имено Баерн Минхен одигра само 2:2 против тоталниот аутсајдер, тимот на Штутгарт. “Баварците“ имаа на двапати водство, со 1:0 и 2:1, но во 93.минута судијата покажа на пенал за гостите а Гирасе успеа да реализира и да му ја украде победата на Баерн Минхен.
Да кажеме дека првиот гол за Баерн Минхен беше дело на Матијс Тил, кој со 17 години стана најмлад стрелец во Бундеслигата како играч на Баерн.
На останатите мечеви од 6.коло попладнево, Волфсбург како гостин славеше кај Ајнтрахт Франкфурт, додека Херта и Леверкузен одиграа 2:2.
Хофенхајм со 4:1 го растури Мајнц, а Лајпциг со 3:0 го победи Дортмунд.