Репрезентацијата на Шпанија е четвртфиналист на Евробаскетот откако вечерва во неизвесен меч успеа да ја совлада Литванија. Шпанците имаа проблеми во првите две четвртини, меѓутоа не му дозволија на противникот драстично резултатски да се одлепи. Во последната четвртина запнаа и направија пресврт со што го отворија патот до триумфот, меѓутоа кошаркарите на Литванија со кош во последните моменти изедначија (83:83) и го однесоа мечот во продолженија.
Но таму Шпанците беа многу подобри и на крајот славеа со 102:94.
Кај победничкиот тим најефиасни беа Лоренцо Браун со 28 поени и Вили Хернангомез со 21 поен. По 13 имаа Хуан Хернангомез и Родолфо Фернандез.
Кај Литванците најмногу поени постигна Кузминскас 18, а Браздеикис заврши со 17 поени.
Шпанија во следната рунда ќе го чека подобриот од дуелот Хрватска-Финска кој се игра во недела.
IGGY BRAZDEIKIS SENDS IT TO OVERTIME! 😱🇱🇹#EuroBasket x #TissotBuzzerBeater | @_iggy_braz
📺 https://t.co/XA74VljBO4 pic.twitter.com/gf7jR5rAyI
— #EuroBasket 2022 (@EuroBasket) September 10, 2022