Денеска од 16 часот се играат сите осум мечеви од 4.коло во ВМФЛ. Секако дека дербито со игра на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола, каде Пелистер го дочекува Гостивар. Тоа ќе биде дуел на две екипи кои не ги кријат своите амбиции за највисок пласман во оваа 2022/23 сезона во ВМФЛ. И двете екипи во изминатите три кола освоја по седум бодови.
Вардар го дочекува Борец и повеќе од сигурно е дека ќе ги освои три бода.Имено според она што го покажаа велешани на стартот тие важат за убедливо најслабата екипа во оваа лига.
Детонит Плачковица на Горан Здравков гостува во Гевгелија кај Кожуф, тим кој имаше очаен старт. Еве шанса радовишани да дојдат до нови бодови. Беса и гостува на Воска Спорт која има максимален учинок.
Во Виница се среќаваат старите ривали Слога (В) и Каменица Саса,додека Беласица е фаворит на мечот со Пехчево.
Во Чегране домашниот состав на Арсими, предводен од Бујар Ислами, ќего дочека Охрид. Арсими на досегашните два домашни меча со Вардар и Пелистер играше добро, но губеше и тоа минимално. Време е за домашна победа.
И во Тетово, домашниот Тетекс се среќава со Караорман.
ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО-ДЕНЕСКА (16Ч)
Битола:Пелистер-Гостивар
Охрид:Воска Спорт-Беса
Виница:Слога (В)-Каменица Саса
Струмица:Беласица-Пехчево
Тетово:Тетекс-Караорман
Скопје:Вардар-Борец
Гевгелија:Кожуф-Детонит Плачковица
Чегране:Арсими-Охрид
ТАБЕЛА
Воска Спорт 9, Детонит Плачковица 7,Пелистер 7,Вардар 7, Гостивар 7, Беса 5, Слога (В) 5,Караорман 4, Охрид, Беласица 3, Тетекс 3, Арсими 3,Кожуф 1,Пехчево 1,Каменица Саса 0,Борец 0.